Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 192 165 што претставува зголемување за 0.6% во однос на претходната учебна година.
Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2014/2015 година, изнесува 83 522 што претставува намалување за 3.4% во однос на претходната учебна година.