Редок прототип од првиот американски цент од 1792 година беше продаден на аукцијата во Балтимор на анонимен купувач. Вредноста на овој цент познат под името „Birch Penny“ е нешто над милион долари, односно 1 милион и 175 илјади долари.
Она што овој цент го прави посебен е тоа што е еден од седумте кои постојат, а бил кован 9 години по американската војна за независност, во годината кога е основана американската ковачница „US Mint“.