Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 102.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.4%), Уметност, забава и рекреација (6.7%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.1%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.7%) и Преработувачка индустрија (7.1%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2015, изнесува 21 828 денари. Во јануари 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.