Општинската организација на СДСМ- Струга во рамките на проектот „Вистината за Македонија“ денеска ги посети жителите на струшко Лабуништа.
При посетата заедно со активисти на Локалниот клуб на млади поделен и весникот со кој жителите ќе можат да се запознаат со се што се случувало со Македонија за време на речиси деветгодишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ.
„Ќе ги посетиме сите населени места во Струга, „Вистината за Македонија“ мора да допре до секој нејзин граѓанин. Јавноста мора да се запознае со криминалното владеење на ВМРО- ДПМНЕ и за тоа на кој начин народните пари ги трошеле Груевски и неговите соработници.“- велат од СДСМ.