Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 102.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8.3%), Уметност, забава и рекреација (7.8%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.9%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.6%) и Преработувачка индустрија (6.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2015 изнесува 32 051 денари. Во јануари 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.