Аплауз на настапот на израелскиот танцов театар

Со бурен аплауз и овации синоќа во Македонскиот народен театар беше награден настапот на израелскиот танцов театар од Тел Авив со што започна реализацијата на богатата културна програма со која во текот на оваа година, во Република Македонија и Израел, ќе се одбележат две децении дипломатски врски меѓу двете земји. Преку претставата насловена „Ојстер“ во режија на Инбал Пинто и Авшалом Полак која критиката во еминентните меѓународни весници и списанија, веќе ја оцени како возвишена и посебна форма на танцувачки театар, македонската публика синоќа имаше можност да ужива во необичен спој на театарот и танцот. На претставата, меѓу многубројната публика, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Израел во РМ, Дан Ориан.

025