Одржан вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје во Скопје – Охриѓани повторно ја однесоа победата

Во Скопје деновиве се одржа вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје, на кој oхриѓани повторно ја однесоа победата.

Прво место во екипен пласман-пионерки за стрелачкиот клуб „Охрид“ со резултат од 474 кругови, во состав на Стефани Ефтимовска со 165 круга, Мартина Кочоска 157 груга и Симеона Милеска со 152 круга.

Второ место во екипен пласман за пионерките од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 435 круга, во состав на Луана Попоски со 155 круга, Мила Василеска 140 круга и Срна Аголи со 140 круга.

Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови (подобрувајќи го за 10 кругови својот резултат од настапот на првиот Куп). Големо изненадување на овој Куп направи Марија Магдалена Шишкоска постигнувајќи резултат од 163 круга (со скок од 14 круга во однос на првиот Куп) која се пласира на третата позиција. Како четвртопласирана заврши Мартина Кочоска со резултат од 157 кругови. На седмата позиција заврши Луана Попоски со резултат од 155 круга, додека Симеона Милеска се пласира на деветтата позиција со резултат од 152 круга (пад на резултатот во однос на првиот Куп за 13 кругови).

Кај пионерите повторно пријатно изненадување кај Петрит Аголи со резултат од 155 кругови (за цели 32 кругови подобар од првиот Куп) се пласира на првата позиција оставајќи го зад зебе Никола Петров од Кавадарци (143) со 12 кругови разлика.

„И покрај сите напори за формирање на екипи и во пионерска конкуренција, стрелачките клубови од Охрид не успаеаа да ја остварат целта, иако години наназад пионерите на СК „Орид“ биле надмоќно први. Се надеваме дека овај недостаток ќе биде поправен, барем за Државното првенство кое треба да се одржи во Скопје на крајот на Мај.“- велат од Стрелачкиот клуб Охрид.