Виц

Влегува Трпе во кафана со двете раце во гипс. Па пријателите го прашуваат:

– Што ти е Трпе, кажувај брзо!?

– Аман, не прашувајте, бев на швалерај, па ме фати мажот и…

– Уф Трпе, што те снајде!

– Излегов низ прозор и се фатив за олукот, ама тој ме најде…

– Леле, кутриот ти!

– Па не е тоа ништо!

– Како не е, што ти правеше?

– Зеде чекан, па почна да ме удира по рацете, по прстите!

– Леле, леле!

– Па не е тоа најлошо!

– Што се случи кажувај!

– Зеде клешти, па ми ги извади ноктите!

– Ау, па тоа е ужасно!!!

– Не е тоа најстрашно! Јас се мачев, морав во тој момент да скокнам, кога видов под мене што да видам – високо приземје! Цело време сум бил на два-три сантиметри од земјата!!!