За Велигден оваа година ќе бидат поврзани 4 неработни денови за православните верници.
Неработен ќе биде и петокот, односно 10-ти април.
Тоа значи дека од 10-ти април, па се до 13-ти, односно петок, сабота, недела и понеделник ќе бидат слободни денови за сите православни верници.
Иако прогнозите треба да се земат со резерва бидејќи до велигденскиот празник има уште повеќе од 3 недели, сепак, метеоролозите најавуваат главно облачно време, а во понеделник невреме со грмотевици.
За католичките верници, оваа година Велигден е на 5-ти април. За нив, неработен ден ќе биде 6-ти април, понеделник, првиот ден Велигден.