23-ти мај неработен ден за Власите, а 24-ти за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2013 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за припадниците на влашката заедница. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.

Оттаму информираат дека 24 мај 2013 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот.