Голем успех на македонските борачи на Европското првенство

Во полскиот град Валбрик – Полска од 22-29.03 се одржа Европското првенство во борење до 23 години. Учество зедоа 363 борачи од 36 држави од кои 27 држави со 135 борачи во слободен и 30 држави со 138 борачи во грчко-римски стил. Во оваа огромна конкуренција Македонија се врати со бронзен медал во рацете на Халил Зубеиров.

Имено тој во категоријата до 86 кг. во конкуренција на 19 борачи, со пет борби од кои само еден пораз успеа супериорно да го совлада Бугарскиот репрезентативец Гази Мехмед, Украинецот Илија Архаја и во борба за бронзата Шпанецот Даниел Рама со фантастични 7:1. Со ова Македонскиот борач евидентно се наметнува кон обезбедувањето норма за Светското сениорско најавено за септември во Лас Вегас, а од таму да го трасира патот за ОИ во Рио 2016.

За поздравување е настапот на нашиот дебитант Бехар Мамути (11-ти), Јасин Редџалари (10-ти), Бесник Вејсели (9-ти) и Тимур Хамиков (18-ти) во грчко-римски стил.