Во тек е проектот Рационална употреба на вода за земјоделие во сливот на Охридското Езеро финансиран од CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund) кој започна во септември 2014 г. и ќе трае до јуни 2015 година.
„Претходните месеци организиравме 8 јавни дискусии во 8 села од сливот на Сатеска и Коселска Река. Резултатите од истражувањето се анализирани.“– велат од ЕД „Грашница.
Активностите продолжуваат со организација на две работилници, една ќе се одржи денес во општина Дебрца и една во општина Охрид утре на тема: „Наводнување и заштеда на вода со цел адаптирање кон климатските промени“. Предавачи на работилниците се проф. Д-р Ордан Чукалиев и проф. Д-р Вјекослав Танасковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна, експерти за наводнување и влијанието на климатските промени врз земјоделието.
„Тема на работилниците е како да постигнеме правилно и рационално управување со водата за наводнување во светло на климатските промени и заштита на животната средина.“– додаваат оттаму.
На крајот од работилницата во Охрид, ќе се изврши студиска посета на фарма во село Орман за практична презентација на инструменти и мерки за заштеда на вода.
На работилниците се поканети земјоделци од општина Охрид и општина Дебарца, претставници од државни институции од општина Охрид и Дебарца.