ОУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа Денот на шегата

Основното Училиште „Св.Климент Охридски„ по повод 1-ви Април, Денот на шегата во соработка со Лајонс клубот „Десарети“, денес одржа маскенбал.

„Оваа година манифестацијата доби поголем размер, бидејќи беа вклучени и професори и ученици од козметичките паралелки при средното училиште „ЕМУЦ“.Практикантите ги исполнуваа желбите на учениците за цртање на нивната омилена маска на лицето. Среќните лица и широките насмевки зборуваат за нивната радост, односно кажaa дека оваа манифестација ке ни стане традиција на училиштето.“- велат од училиштето.