Во рамки на континуираната комуникација со граѓаните, денес, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жителите од Урбаната заедница Центар.
Целта на ваквите средби е преку една непосреден контакт со жителите, да се разговара за нивните приоритетни потреби, како и за нивните идеи и предлози за кои сметаат дека е можна нивна реализација во средината во која живеат. Токму низ едни вакви непосредни разговори со жителите од месните и урбаните заедници се произлезени голем дел од реализираните проекти или проектите чија реализација е во тек, а се од суштинско значење за населението.
Покрај градоначалникот Бакрачески, на средбите со граѓаните, кои ги реализира во континуитет од доаѓањето на градоначалничката функција, присутни се дел од неговиот тим од Локалната самоуправа и сите директори на Јавните претпријатија.
Ваквиот начин на работа на градоначалникот Бакрачески продолжува и понатака со остварување на средби со жители од други Урбани заедници.