Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 10-ти април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.