Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1.428 лица, потоа преглед на 18 ПМВ, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лица.
И тоа, по основ на телеграма 38 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19 лица, по извршено кривично дело – 24, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување на казна затвор – 10 лица, за утврдување на идентитет – четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица;
Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37
– Учество во тепачка – 12
– Физички напад – 4
– Омаловажување полициски службеник – 1
– Комар или други игри на среќа – 14
– Напад на службено лице – 1
– Останати прекршоци – 5
Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 38
– НН тревкаста материја – 30
– НН прашкаста материја – 7
– НН течност – 1
Вкупно приведени лица со ПМВ – 27
– по телеграма – 24
– сообраќаен прекршок – 2
– сторен царински прекршок – 1
Вкупно приведени лица со ТМВ – 2
– не поседување на соодветна документација за товар – 2
Вкупно приведени лица со мотоцикл – 2
– непоседување на соодветна документација – 2
Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 11.
Останати активности на Единицата:
– Предадени двајца сторители на кривични дела
– Предадени 24 лица поради нарушен ЈРМ
– Предадени 33 лица за сторен сообраќаен прекршок
– Предадени 293 странци со нерегулиран престој
– Предадени двајца малолетници и
– шест останати случаи на предадени лица
– пронајдени и предадени 2 ПМВ и еден предмет кои потекнуваат од кривично дело
– извршени две обезбедувања на лице место.