Утре ќе се промовира книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска-Илиевска

Во Националаната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид  ќе се одржи промоција на книгата „Златна лира “од Пандора Јовановска – Илиевска. Рецензент на книгата е доц. д-р Христо Петрески. Стихови ќе читаат:

– Милан Крстевски (македонски јазик)
– Јана Арсовска (француски јазик)
– Маре Бошалева (англиски јазик)

Музика: Кристина Љушкоска (флејта)

Промоцијата ќе се одржи утре, со почеток во 18,00 часот, во Прличева одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев”- Охрид.

Промоцијата е дел од годинешните празнувања кои ги организира Општина Охрид во чест на патронот на градот Св.Климент Охридски.