Признание за охридската гимназија од Британскиот Амбасадор во Македонија

Во рамки на проектот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза“, ОСУ „Св. Климент Охридски“ учествуваше танцувачка точка на која настапија 20-тина ученици од охридската гимназија. На конкурсот „Со креативност и младински активизам против говорот на омраза”, идејата на учениците на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ за изведба на флеш моб – јавниот перформанс е наградена и избрана за реализација.

„Се работи за проект во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и покровителство на британска амбасада.“- информираат од гимназијата.

Проектот е наменет за подигнување на јавната свест за говорот на омраза, а идејата е учениците преку танц на градскиот плоштад да испратат позитивна порака против говорот на омраза. Кореографијата на танцот е на Кате Бујароска, а настанот се реализира со поддршка на Општина Охрид и Лабино продукција.

„За својот придонес во проектот гимназијата доби признание од Македонскиот институт за медиуми и Британскиот амбасадор , неговата екселенција Чарлс Гарет.“– додаваат оттаму.

bezomrazno