ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот

Шести април е ден кога се одбележува ден на спортот и сите оние вредности кои се искажуваат преку него, истрајноста, поттикнувањето на дисциплината и личниот интегритет, како и фер плејот.

Основното училиште „Григор Прличев“ активно се вклучи во одбележувањето на овој ден, бидејќи како што велат од училиштето, тие вредности се едни од суштинските за правилниот развој на учениците.

DSC_0455

Учениците од одделенска настава го одбележаа со бројни спортски игри, додека учениците од предметна настава заедно со предметниот наставник Перо Георгиоски ќе бидат дел од збиднувањата во Спортскиот центар ИБ ФИТНЕС,  каде заедно ќе спортуваат со ученици од другите училишта.

DSC_0447