ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти го одбележа Меѓународниот ден на спортот

Основното училиште „Живко Чинго“ – Велгошти активно се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот.

Во спортската сала „Тодор Александров“ беа организирани повеќе активности и спортски игри, во кои беа вклучени ученици од одделенска и предметна настава.

„Играта и спортот се неопходни за правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој на децата“– велат од училиштето.

WebOhrid