Продолжува трендот на успешна соработка меѓу Македонија и Турција

Со поддршка од страна на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре“ во Скопје, на ден 7 април 2015 година со почеток во 15,00 часот во просториите на Министерството за внатрешни работи, отпочна курсот за изучување на турски јазик наменета за вработените од МВР. Оваа иницијатива произлезе од досегашната успешна соработка во сите области, која години наназад се одржува меѓу Република Македонија и Република Турција, а ќе претставува уште еден чекор во интензивирање на оваа меѓусебна соработка. Оваа 6-месечна обука за изучување на турскиот јазик во иднина ќе биде плодно манифестирана и имплементирана во делокругот на работните обврски на полициските работници.

askdjl56