Велигденска работилница во ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани

По повод претстојните велигденски празници учениците од второ одделение од ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани, заедно со наставничката Марина Шурбановска и своите родители организираа Велигденска работилница.

„На работилницита сите заедно изработивме велигденски украси кои утре (среда 8-ми април) ќе бидат дел од Велигденскиот продажен панаѓур кој го организира нашето училиште со почеток од 11:00 часот на сред село во Пештани. Вредните рачиња на малите вторачиња, нивната креативност како и креативноста на нивните родители се заслужни за сите прекрасни Велигденски украси кои ги направија со многу љубов и труд.“ – велат од училиштето.