Еден стар човек отишол да се исповеда…
– Што е чедо, кажи, што те мачи? – го запрашал отецот.
– Оче, грешев… многу грешев…
– Што е кажи, за што станува збор?
– За време на Втората светска војна, сокрив неколку Евреи во мојот подрум…
– Па добро, чедо… тоа не е грев… си ги спасил!
– Причекај оче, покрај тоа што ги сокрив во мојот подрум… јас им наплаќав!
– Па добро бе чедо… знаеш… си бил изложен на ризик…
– Ама оче, јас не им имам кажано дека војната заврши!!!