Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески денеска е ослободен од притвор, пишува порталот „А1он“. Како гаранција дека Петрески нема да ја напушти државата е ставена семејната куќа која е во сопственост на неговата мајка.
Петрески заедно со уште петнаесетина други лица беше уапсен во акцијата „Јагула“ пред повеќе од четири месеци. Најголемиот дел од уапсените беа пуштени веднаш, додека на Петрески со уште тројца свои соработници им беше одредена мерка притвор. До сега четири пати му беше продолжен притворот на поранешниот градоначалник на Охрид. Министерството за внатрешни работи заедно со Финансиска полиција ги сомничи за наводни малверзации со кои наводно се стекнале со против правна имотна корист.
Со ослободувањето на Петрески од притвор, ослободени се сите осомничени во акцијата „Јагула“, пишува „А1он“.
Извор: Нет Прес