Втор ден Велигден неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  13-ти април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.