Велигденски натпревар во ОУ „Св. Наум Охридски“ во организација на Р.Ш. Седмерец

Во очи на најголемиот Христијански празник Велигден во ОУ „Св. Наум Охридски“, Пештани, се одржа ревијален натпревар помеѓу екипите на Седмерец од Пештани и Седмерец од Велгошти.

Пред почетокот на натпреварот, пред членовите на ракометната школа „Седмерец“ и родителите се одржа предавање на тема „Оралното здравје важен дел од целокупното здравје“ од страна на др. Кристина Стојаноска Алоска.

„По повод вчерашниот интернационален ден на здравјето одлучивме да биде одржано предавање за важноста на оралното здравје во соработка со др. Кристина Стојаноска Алоска. Децата беа презадоволни од интерактивното предавање во кое што се вклучија и нивните родители“– изјави тренерот Олгица Грозданова Зиврев.

„Премногу сме задоволни како помина денешниот ревијален натпревар по повод најголемиот христијански празник Велигден. Особено сме задоволни од тоа како децата ги усовршиле техниките на ракометот кои неуморно ги работиме на тренинзите. Ракометната школа Седмерец продолжува понатака со тренинзи и ги поканува сите дечинња кои сакаат да ги научат вештините на овој спорт да ни се придружат. Ја користам оваа прилика во името на ракометна школа „Седмерец“, на сите христијани да им го честитам најголемиот верски празник Велигден!“ изјави проф. Катерина И. Стојаноска.

WebOhrid