Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница по повод Велики петок

Утре, 10-ти април, петок, на Велики петок ќе се одржат царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7:00 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Богородица“ – Каменско.

Вечерта пак ќе се одржи „Оплакувањето и опело на Христа“, почеток во 19:00 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св. Ѓорѓија“ – Охрид.