Велигденска жива свирка среде село Елшани

Во недела на најголемиот православен христијански празник Велигден, во Елшани од 15:00 до 18:00 часот на селскиот новоуреден и асфалтиран плоштад ќе биде организирана жива свирка со оркестарот Елшански Мерак, кој ќе изведе дел од својот репертоар и избрани македонски песни и ора во духот на празнувањата и на празниците и традициите…

„Во оваа пригода поканети се сите оние кои ги сакаат празниците и македонската ороводна песна. Христос Воскресе – Навистина Воскресе!“- велат од Здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ од Елшани.

WebOhrid