ЕУ подготвува таен план за исклучување на Грција од еврозоната

Членките на ЕУ подготвуваат таен план за исклучување на Грција од еврозоната во случај на нејзин банкрот.

Во документите кои ги подготви Министерството за финансии од Финска во соработка со Германија, станува збор за можно исклучување, а авторите предупредуваат дека оваа пролет мора да се донесе многу тешка политичка одлука.