Меѓународен ден на човековите летови во вселената

Генералното собрание на Обединетите нации, во својата резолуција А/RES/65/271 на 7 април 2011 година, го прогласи 12 април како Меѓународен ден на човековите летови во вселената.

12 април 1961 година е датумот на првиот човеков лет во вселената, од страна на Јуриј Гагарин. Овој историски настан го отвори патот за истражување на вселената за доброто на целото човештво.

Генералното собрание го изрази своето длабоко уверување од заеднички интерес на човештвото во промоција и проширување на истражувањето и користење на вселената, како периферија на целото човештво, за мирновременски цели и за продолжување на напорите на сите држави.

„Јас сум убеден дека Меѓународниот ден на човековите летови во вселената ќе нè потсетува на нашата хуманост и нашата потреба да работиме заедно за освојување на заедничките предизвици. Се надевам дека тоа, исто така, ќе ги инспирира младите луѓе да ги следат своите соништа и да го придвижат светот кон новите граници на знаењето и разбирањето“. – истакна Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, по повод овој ден.