Велигденска честитка на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

ОК на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

„Велигден е денот кога ја славиме победата на животот над смртта и ден кој не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнети со љубов кон блиските, духовен мир, но и разбирање и почит кон другите.

Со позитивна мисла сите ние го креираме сопствениот спокој но и придонесуваме кон благосостојба и напредок на другите околу нас.

Нека ни е честит денот на Христовото Воскресение и нека ни донесе љубов, мир и спокој во нашите семејства и нашава мила Македонија.

Нека е за многу години големиот празник!“– се вели во честитката на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.