Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на шест вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“, а станува збор за:
Инспектор во Отсек за перење пари, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не го почитувал работниот ред и дисциплна);
Полицаец во ПС од ОН Струмица, СВР Струмица изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);
Полицаец за БПС во ПС за БПС Велес, СВР Велес изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се придржувала кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место);
Полицаец во ПК Демир Капија, СВР Велес изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место без да добие согласност од старешината);
Инспектор за економски криминалитет во ОЕК, СВР-Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (во својство на Командир не ја контролирал работата на администраторот во ПС);
Водич на безбедносен реон во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (покажала слаба активност во своето работење и не водела уредна евиденција за извршени кривични дела);
Полицаец во увидна група во ПС за БПС Велес, СВР Велес, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
Помошник дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (нема повреда);
Дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Не извршил детална проверка на објектите лоцирани во склоп на полициската станица за да констатира дека на истиот има оштетување);
Инспектор за општ криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство);