Зголемен бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2015 се издадени 226 одобренија за градење што е за 6.6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 788 919 илјади денари што е за 49.2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 149 (65.9%) се наменети за објекти од високоградба, 36 (15.9%) за објекти од нискоградба и 41 (18.2%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 226 објекти, на 143 (63.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 објекти (36.7%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови со вкупна корисна површина од 28 626 м2.