Активности за имплементација на Проектот за заштита на старото градско јадро на Охрид

Претставници од општина Охрид, од 7 до 10 април, во Каен учествуваа на одбележувањето на 10 годишнината од востановувањето на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија – Франција и Република Македонија.

На приемот во Регионалниот совет на Долна Нормандија беше презентирана соработката со Република Македонија како и начинот на размена на искуства на партнерите. Општина Охрид го пренесе своето искуство во соработката со Општина Каен, со која е потпишан Протокол за соработка во 2009 година и активностите за имплементацијата на Проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“.

Во Регионалниот совет на Долна Нормандија претставниците од двете страни ги презентираа предизвиците на институционалната соработка, долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици, соработка со Балканот и како да се вреднува различноста на европските идентитети, децентрализираната соработка и економската отвореност.

Kaen_proekt_zastita_star_del_4851