Одржана манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“

Во организација на Општина Охрид, Црвен Крст, Одделението за превенција при СВР Охрид и основните училишта, денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по повод Меѓународниот ден на здравјето и во рамките на проектот „Превенција од зависности“ се одржа манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“. Со овој настан Охрид се вклучи во глобалните кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на здравјето и превенција од зависности.

„Ја користам оваа манифестација, да Ве повикам да упатиме и заедничка порака дека мораме да ги искористиме сите сопствени и општествени ресурси и постојано да ги предупредуваме младите од опасностите од користењето на дроги,алкохол и цигари и да ги мотивираме да водат здрав живот“. – рече во обраќањето пред учесниците на манифестацијата, заменик-градоначалникот Ангел Јанев.

На манифестацијата посветена на борбата против дрогата, алкохолот и цигарите, здравјето како избор за долг и безбеден живот, со посебни програми настапија учениците од основните училишта и младите волонтери од Црвен Крст, а присутните можеа да ги посетат и штандовите од Црвен Крст и НВО „Опција“.

Svetski_den_zdravje_4853 Svetski_den_zdravje_4852