Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска присуствуваше на доделување на признанието „Најдобар млад научник“.
Ова признание за млади научници до 30 годишна возраст го доделува претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.
Целта на проектот кој се имплементира веќе 5 години е да се поттикне развојот на научната и истражувачка мисла кај младите научници од нашата земја.
Годинешното признание „Најдобар млад научник“ го доби Даниел Денковски, магистер по електротехника и информациски технологии.