Отчет од двегодишниот мандат на градоначалникот на општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес даде отчет за сработеното во изминатите две години. Во целост го пренесуваме отчетот:

„Денес, кога изминуваат две години откако ВМРО ДПМНЕ ја презеде Локалната самоуправа на Општина Дебрца во целост можеме да констатираме дека транспаретноста, одговорноста и отчетноста се одлики на градоначалничкиот мандат. Низ овој период жителите на Општина Дебрца и пошироката македонска јавност беа сведоци на еден процес во кој целосно се возобновуваше општината, се започнаа процеси за модерно и пред се правилно водење на самата Општина, искористување на грантови, реализација на проекти кои се од витално значење од доменот на општествените потреби, инфраструктура, култура, спорт, образованието и др.

Низ овај двегодишен мандат јас како Градоначалник на Општина Дебрца во целост се залагав за реализирање на ветените проекти од предизборната програма. Но не само реализација на ветените проекти туку и на многу други кои се потребни за полесно функционирање и олеснување на секојдневието на жителите на Општина Дебрца.

Низ овај двегодишен период сведоци сме сите ние, дека Општина Дебрца веќе е прерасната во Општина која се движи по теркот на најразвиените Општини во Република Македонија. Сведоци сме дека таа прераснува во големо туристичко место која се повеќе и повеќе е застапена во медиумите. Сведоци сме дека е посетена од највисокиот дипломатско кор што ја потврдува тезата дека интересот за развојот и реализацијата на проектите е на највисоко ново.

Нашата соработка со Владата на Република Македонија допринесе полесно и поефикасно спроведување на процесите за реализација на проектите, Таквата соработка и понатаму ќе продолжи а се со една цел исполнување на сите ветувања од предизборната Програма со што Општина Дебрца ќе ја достигне својата кулминација на она што преставува прогрес и развој.

Досегашната практика за работата како Градоначалник на Општина Дебрца секогаш сум ја базирал врз факти и докази. Според мене тоа е единствениот правилен начин за давање на Отчет пред жителите на Општината но и пред пошироката македонска јавност. Затоа Во оваа прилика кога изминуваат две години од градоначалничкиот мандат дозволете ми преку факти и докази Отчетно да ви ја презентираме досегашната работа:

ВО ДОМЕНОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: Изградено е Монтажно училиште Во село Волино,Набавени се учлишни помагала, Објавен јавен конкурс за стипендирање на најдобрите 20 ученици,Реконструирано е училиштето во село Требеништа-или 4.500.000,оо ден. вкупна вредност на инвестиции.

Реконструкција и осветлување на игралишта за мали и големи спортови:

Реконструиран спорски терен за фудбал во село Злести ,Изградба на Игралиште за мали спортови во Село Оровник,Изградба на Игралиште за мали спортови и Кошарка во село Горенци,реконструкција на полигоните во с.Ботун и с.Волино.Изградба на Балон сала во с.Требеништа-или 10.850.000,00ден инвестирани во спортот.

Изградба на водоводни системи

Реконструирана водоводна мрежа во с.Оровник,Реконструкција на резервар во с.Лактиње,Изградба на водоводен систем во село Ботун-вкупно6.650.000ден. инвестиции.

Асфалтирани патишта и улици во општина Дебарца

Асвалтирани улица во с.Ботун,с.Песочан, с.Лешани,Горенци,Требеништа,Ново Село и Белчишта.Изграден локален пат до с.Сливово-вкупно инвестирани 16.491.568ден.

Во Комунални дејности:набавени се нови машини и алат за работа на ЈКП Дебрца,набавен Камион и Багер,Набавени 43 контењери за собирање на отпад-или вкупно инвестирани 3.330.000,00денари.

Изградба на заштитен ѕид од поплави пропусти и канали во с.Средорече,с.Лешани,с.Песочан,с.Лактиње и с.Злести-или вкупно инвестирани 2.100,000денари.

Реконструиран Културниот дом во с.Мешеишта и с.Издеглавје-вкупна висина на инвестицијата 1.500.000денари.

Реконструирани извори во с.Велмеј ивестиција вредна 640.000,00 денари

Изработка на туристички флаери,Поставени се видиковци во места Сини Вирој и Требенишко езеро се поставуваат маси со клупи за одмор ,корпи за отпадоци,информативни табли,паркинг за велосипеди,патоказни табли за подобро упатување и информирање на туристите. Организирање на Туристичко културна манифестација Црешнобер.-вкупно инвестирани 600.000,00денари.

Урбанизација на цела општина се изработуваат Урбанистички планови и опти акти за селата-Инвестиција од 17.771.220,00 денари

Изградба на Канализационен системво Мешеишта 14.545.000,00 денари Почитувани,

Набројуваните проекти не се единствените кои се реализирани. Има уште многу а уште многу проекти ќе започнат да се реализираат, дел од нив веќе се во фаза на изготвување или апликација:

Тука Би сакал да ги набројам следниве:

Изработен основен проект за Водоводен систем с.Требеништа

Изработен инфраструктурен и основен проект за пат во с.Ботун

Изработен инфраструктурен проект и оновен проект за пат во с.Злести до манастир св Богородица

Изработен инфраструктурен проект и основен проект за пат во с.Ботун до манастир св.Богородица

Изработка на проект за канализационен систем с.Горенци

Аплициран проект за канализационен систем с.Велмеј

Изработен основен проект за Водоводен систем с.Сливово

Изработка на проект за канализационен систем с.Лешани

Изработка на проект за канализационен систем с.Требеништа

Изработка на проект за канализационен систем с.Волино

Изработен основен проект за Водоводен систем с.Волино

Изработен инфраструктурен и основен проект за пат с.Злести-Лешани

Проект за Уредување на патека на Крајбрежјето на Охридско езеро кај с.Оровник

Изработен инфраструктурен и основен проект за пат во с.Арбиново

Изработка на проект за улица во с.Мешеишта до 1 км

Изработка на Проект за улица во с.Ботун во должина до 1км

Изработка на проект за приклучок на канализација мешеишта до колекторски систем с.Мешеишта

Во овој значаен момент за нас, кога се дава ОТЧЕТ за сработеното во изминативе две години, На мое огромно задоволство би сакал да го најавам и еден од најкруцијалните проекти за Општина Дебрца а тоа е:

Изградба на Колекторски систем Од село Мешеишта до главен колектор на Охридско езеро.Овој Аплициран и одобрен проект за изградба на колекторски систем ќе ги опфаќа селата Климештани,Мешеишта,Волинo,Требеништа,Горенци и истоот е одобрен од Министертво за транспорт и врски инвестиција од вкупно 31.759.334,12 денари.

Почитувани,

За Локалната самоуправа на Општина Дебрца и за мене како градоначалник во овој двегодишен мандат говорат и сведочат делата кои се спроведуваат. Ве уверувам дека и понатаму со уште позабрзано темпо ќе спроведуваме и реализираме проекти преку кои Општина Дебрца ќе има се поголем развој а жителите на Општина Дебрца подобро секојдневие.“ – истакна Трајкоски.