ОУ „Христо Узунов“ дел од „Игра без маска – Театар без дискриминација“

Вчера ОУ „Христо Узунов“ од Охрид учествуваше на интернационалниот драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игра без маска – Театар без дискриминација“ на големата сцена во Македонскиот Народен Театар .

Фестивалот имше натпеварувачки карактер и единствен од ваков вид на Балканот. Актерските групи со мешан состав на учесници, лица со и без хендикеп кои заедно ги бранеа боите на својата земја, кои доаѓаа од Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и секако, земјата домаќин, Македонија. Играта на даските што живот значат е важен сегмент и во културниот, но најмногу во емотивниот развој на секоја млада личност.Самото име на фестивалот е симболика на она сто на овој настан го испрака како порака до јавноста а и тоа дека сите го делиме истиот свет и сите сме исти во правата можностите предизвиците и успесите. Голема благодарност до Општина Охрид и градоначалниокот Никола Бакрачески кој помогна во реализација на овој проект.“- велат од ОУ „Христо Узунов“.