Во Народната канцеларија на Председателот на Република Македонија во Скопје денеска е поставена изложба на минерали и кристали од Република Македонија.
Со ова, според промоторот на македонскиот рубин Дејан Шкартов, ќе се одбележи Денот на планетата Земја – 22 Април.
„Идејата за прославување на Денот на планетата земја преку промоција на македонските кристали е да се даде нова опција и приод кон темата планета Земја. Обично одбележувањето најчесто е со чистење на животната средина, садење дрвја и цвеќиња”, истакна Шкартов.
Во Македонија, рече тој, скапоцените камења никогаш не биле третирани на начин на кој што треба, затоа што во минатото геолошките анализи биле насочувани кон индустриските потреби.
Шкартов посочи дека кога почнале да работат со скапоцени и полускапоцени камења и забележале дека во Македонија постои рубин, како и интересот од странски познавачи почнала промоцијата, но и заштитата на скапоцените камења особено на Македобнскиот рубин.