Во Општинскиот електро- машински училишен центар „Св.Наум Охридски“, свечено беше отворен Центар за кариера, проект кој е дел од Младинската мрежа за стекнување вештини за вработување, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД.
„Уверен сум дека со отворањето на Центарот за кариера ќе се овозможи стекнување на драгоцени вештини за учениците и невработените лица, кои ќе им помогнат подготвени да излезат на пазарот на трудот. Тука, заедно со наставниците и претставниците на Агенцијата за вработување, ќе можат да добиваат ииформации и услуги поврзани со пазарот на трудот на локално и национално ниво, вработувањето и самовработувањето, како и стекнувањето и искуство на работно место уште додека се во училиште. Привлекувањето инвеститори и отворањето на нови работни места, бара и соодветно квалификувана работна сила. Токму поради таквите потреби, драгоцена ни е оваа поддршка со отворањето на Центарот за кариера. Се надевам дека рационално ќе бидат искористени капацитетите и можностите на Центарот и дека со тоа ќе се придонесе за забрзан економски развој на Охрид и поблиската околина“. – истакна на свеченоста градоначалникот Никола Бакрачески.
Директорот на Секторот за демократија во Мисијата на УСАИД во Република Македонија, Мајкл Стиватер истакна дека досега преку оваа програма се обучени 155 наставници во 49 средни училишта.
„Овие наставници им даваат поддршка на учениците во истражувањето на сопствените афинитети и интереси, во дефинирањето на сопствените аспирации и во подобрувањето на сопствените вредности“. – рече Стиватер.
Со отворањето на Центарот за кариера, Електро-машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“, како што рече директорот Јане Цаноски, станува средиште на воведувањето на проверени позитивни практики, кои ќе ги следат трендовите на пазарот на трудот и според тие потреби ќе обучуваат кадри кои побрзо ќе доаѓаат до работно место.
Фото: А.Андриоски