СДММ во Финска: Поддршка за Македонија да се врати на вистинскиот пат

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија предводена од претседателот Стефан Богоев е во неколку дневна работна посета на Финска, Хелсинки.

Преставниците на СДММ во Парламентот на Финска остварија средби со досегашни пратеници, како и со истакнатиот политичар – пратеник, Јоханес Коскинен.

На средбите се дискутираше за начинот на функционирање на финскиот Парламент. Запрашани за актуелните политички случувања во Македонија, претседателот на СДММ, Богоев, се осврна на проектот Вистината за Македонија. Ги презентираше барањата на опозицијата што ќе овозможат департизација на општеството и решавање на кризата: Преодна Влада, нов Јавен обвинител и нов обвинител за организиран криминал, како и потребата од нов уредувачки тим во МРТВ.

Пратеникот Коскинен, кој е информиран за случувањата во Македонија и ја посетил земјата во 2009 како набљудувач на претседателските избори од ОБСЕ/ОДИХР, изрази целосна поддршка за Македонија да се врати на вистинскиот пат. Пораките од Финска се дека државата, како земја членка на ЕУ, ќе се заложи за тоа.

Во посета на Централната банка на Финска претставниците на СДММ се сретнаа со гувернерот, Ерки Ликанен. Се разговараше за економските проблеми и предизвиците на европската економија.

На средбата на младите од СДММ во фондацијата Калеви Сорса, директорот Мико Мајандер, истакна дека суштински за секоја демократија е да и се овозможи на опозицијата да дејствува слободно.

СДММ имаше работен состанок и со претседателството на Социјалдемократската младина на Финска. Се разменија искуства за водењето на политичка кампања, комуникацијата со граѓаните, улогата на социјалните мрежи и идните предизвици на социјалдемократијата, што е и цел на посетата на СДММ во Финска.

Посетата на Финска беше во организација на Прогрес Институтот за Социјална Демократија и Фондација Калеви Сорса од Финска во рамките на проектот за размена на искуства помеѓу СДММ и младите Социјалдемократи на Финска.

SDMMvoParlamentnaFinskaslika4