Денеска, дел од раководството на СДСМ беше на средби со граѓаните на Велес.
Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, членови на Избршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО на СДСМ во градот, разговараа со граѓаните и ја споделуваа Вистината за Македонија.
„Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија“, повика заменик претседателката Шекеринска.
„Вистината на Македонија, ја врати надежта за една посветла иднина во нашата држава“, рече генералниот секретар Спасовски.
Граѓаните на Велес и околината даваат охрабрувачки силна поддршка за проектот што го извади на виделина сето зло што го правела ненародната, криминална и узурпаторска власт на Груевски и неколкумина негови соработници.
Претставниците на СДСМ се сретнаа со жителите на социјалните згради, со дуќанџиите, со граѓаните на Велес во директни средби, по улиците и од врата на врата, а посетија и повеќе велешки села.
Независно каде живеат, луѓето имаат главно егзистенцијални проблеми. Се жалат на неиздржливи давачки и обврски што им ги наметна власта.
Младите, во проектот Вистината за Македонија гледаат надеж за враќање на државата на граѓаните и создавање услови за подобра перспектива, за да запре огрмниот бран на иселувања.