Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 1-ви мај (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.