Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, февруари 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 745 974 МWh електрична енергија, 13.674 мил. nm3 природен гас, 497 997 тони јаглен и 68 952 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72.5% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.