Полициски службеници предаваа во ОУ „Живко Чинго“ на тема „Борба против дрогата“

СВР Охрид во рамките на проектот „Превенција од зависности“, преку полициски службеници-едукатори денес во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, оствари видео презентации и разговори со учениците на тема „Борба против дрогата“.

Предавачи беа м-р Благојче Стевоски и Игор Петрески.

Целта на овие предавања е на учениците да им бидат претставени опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација.

Вакви слични предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“, додека во текот на неделава, предавања ќе има и во основното и во подрачното основно училиште „Братство“ во Охрид.

WebOhrid