Во сабота ќе подигнува кабаст отпад од УЗ 1 „Стар Град“

Согласно испланираниот работен календар за годинава, ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид во месеците мај и јуни ќе ги реализира акциите за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота во различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање.

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека 2-ри мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во УЗ1 „Стар Град“ .

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.