Бројот на загинатите од земјотресот во Непал достигна 6.204, а повредени се околу 14.000 лица, ги соопштија денеска непалските власти најновите податоци, пренесува БТА.
Осум милиони од 28-те милиони жители на земјата се погодени од несреќата, меѓу кои 1,7 милиони се деца, соопшти ОН.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала го погоди Непал на 25 април, што е најсмртоносниот потрес во оваа земја во последните 80 години.
Извор: Нет Прес