Ученици од охридската гимназија на 9-ти мај ќе учествуваат на државниот натпревар по биологија

На 25-ти април во ОСУ „СВ.Климент Охридски“ се одржа регионалниот натпревар по биологија за средно образование кое ги вклучува општините Охрид, Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа. На натпреварот учествуваа победниците од општинските натпревари кои ги освоиле првите три места и оние натпреварувачи кои освоиле над 50 поени.

Охридската гимназија се претстави со 13 учесници кои достојно го презентираа стекнатото знаење стекнато во I,II,III година.

Во категоријата I година првото место го освои Мишеска Флорина од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф. Цветкоска Весна.

Во категорија II година првото место го освои Раќичевиќ Емилија од ОСУ „Св. Кимент Охридски“ под менторство на проф.Кичеец Славица. Во оваа категорија на нашата ученичка Маркоска Марија под менторство на проф.Кичеец Славица и припадна третото место.

Во категорија III година ученикот Ѓеоргиевски Васко под менторство на проф.Екатерина Бојческа го освои второто место а ученичката Бајрам Фунда под менторство на проф. Екатерина Бојческа го освои третото место.

Овие ученици ќе се натпреваруваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 9-ти мај, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Активот по биологија им се заблагодарува на учесниците, а воедно на натпреварувачите им посакува успех на претстојниот натпревар.