Малиот Перо во прво оделение… учителката прашува:
– Деца, кој знае како настанал човекот?
– Никој?! Добро, прашајте ги родителите, па утре ќе ми кажете.
Малиот Перо веднаш отрчал дома, ја затекнал мајка му во кујната како лупи компири и ја прашува:
– Мамо, како настанал човекот?
Мајката без многу да размислува му рекла:
– Па, еве од компир настанува човекот!
Малиот Перо зел еден компир и го ставил во џебот. Другиот ден учителката повторно ги прашала:
– Деца, кој го знае одговорот на вчерашното прашање?
Прв кренал рака малиот Перо, па учителката го прашала:
– Добро Перо, ајде ти кажи ми како настанал човекот?
– Учителке! Дали да го извадам или…?
– Не, не, немој! Седи, петка!!!