Околу 440 туристи од Македонија, се заглавени во два хотела во турскиот град, Истанбул. Од нив, 330 се наоѓаат во хотелот „Севџан“, а останатите 110 се во хотелот „Ларион“, објави ТВ Канал 5.
Менаџерот на хотелот „Севџан“ во телефонски разговор за Канал 5, потврдил дека сопственикот или претставникот на туристичката агенција „Јупитер“ од Скопје е задржан во полициска станица во Истанбул.
Тој потврдил дека парите што ги платиле туристите во агенцијата не биле префрлени на сметката на хотелот.
Станува збор за девет илјади евра за неговиот хотел , односно вкупно 14 илјади евра.
Пасошите на македонските туристи ќе им бидат вратени кога туристичката агенција од Скопје ќе ни ги уплати парите, вели менаџерот на хотелот „Севџан“.
Револтираните Mакедонци кои со 7 автобуси заминаа во Истанбул да ги прослават првомајските празници, го очекуваат конзулот на Македонија во Турција и бараат да се реши проблемот за да се вратат дома.
Извор: Нет Прес